Струмица доби пречистителна станица

18.12.2017 | 11:57
Прочитано: 2502

Почна да функционира пречистителната станица во Струмица изградена со средства на ЕУ.

Станува збор за станица во која e инсталирана најсовремена опрема за пречистување на отпадните води со што ке се намали загадувањето на животната средина, а ќе придонесе за поквалитетно земјоделско производство.

Инаку станицата е вредна околу 6.5 милиони евра и со неа ќе бидат опфатени фекалните води од градот Струмица и повеќе населени места од ова општина. Пречистителната станица ја предадоа во употреба премиерот Зоран Заев и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.