Стотици пожарникари се борат со огнена стихија близу Сиднеј

16.04.2018 | 12:16
Прочитано: 576

Стотици пожарникари гаснат шумски пожар што изби на периферија на Сиднеј, каде температурата е невообичаено висока за ова време од годината, соопштија властите.
Полицијата отвори истрага за причините за пожарот што изби во саботата попладне, југозападно од Сиднеј.

Во пожарот изгореа 2.430 хектари шума, околните домови се евакуирани, и засега нема извештаи за жртви. Во Австралија овие денови температурата е околу 30 степени Целзиусови што е необично топло за есен во државата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.