Стопирана контроверзната градба на 15 дена – ќе се бара трајно решение

10.10.2018 | 17:18
Прочитано: 2401

Стопирана е изградбата на деветкатницата во општина Аеродром.
Иако вчера тврдеше дека нема решение, денеска градоначалникот  Златко Марин вели дека инепкторите утврдиле неправилности на градилиштето, поради што издале решение за забрана на градежни активности во следните 15 дена.

„Градбата е стопирана и вегуваме во барање на решение низ дискузија. Ги преземам сите мерки и  напори  со сите засегнатистрани трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот со разговор со граѓаните, инвеститорот и град Скопје.“ - изјави Златко Марин – Градоначалник на Општина Аеродром.

Инвеститорот на деветкатницата пак за ТВ24 вели дека забраната е спротивна на законските прописи и дека е донесена под притисок на јавноста. Најави дека одлуката ќе ја обжали пред надлежните органи.

„Никако не можам да се согласам со одлуката. Јас уредно ги имам платено сите комуналии и  уредно сум го пријавил обејктот како што налага законот. Одлуката е спротивна на законските прописи и ќе предизвика огромна штета, а за ваквото постапување инспекторите може да понесат одговорност.“ - изјави Фатмир Етими.

Од уставниот суд пак без конкретен одговор зошто досега не е одлучено за претставките за кои градоначалникот Марин тврдеше дека биле доставени. Од таму велат дека веќе се оформени два предмета за спорната парцела, а истите би требало да се најдат на дневен ред на следната седница на судот.

Од пред два дена, во зеленилото пред Мајчин дом почна да се гради деветкатница, за која сегашниот градоначалник Златко Марин во предизборната кампања ветуваше дека нема да се гради, а претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски - на 5 април минатата година, го стави на гласање ДУП-от и со мнозинството на членови на ВМРО во советот на оппштината го изгласа.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.