Столтенберг: Се согласивме да ја поканиме владата во Скопје да започне пристапни преговори

11.07.2018 | 20:03
Прочитано: 2669

НАТО Алијансата денеска се согласи да и издаде покана на Македонија,  потврди попладнево на прес-конференцијата на Самитот на НАТО во Брисел, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Изнесувајќи ги заклучоците од состанокот на Северноатлантскиот совет, Столтенберг рече дека сите 29 членки на НАТО се договориле да ја поканат Македонија да почне пристапни преговори за членство во Алијансата.

„Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка.“ - изјави Столтенберг-Генерален секретар на НАТО.

Сепак, тој јасно стави на знаење дека само со промена името Македонија може да влезе во Алијансата.

„На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот. Или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да ги добијат.  Јасно кажавме дека ќе ги започнете преговорите, дека треба да ги примените сите обврски од договорот со Атина, а потоа ПЈРМ ќе стане 30-та членка на НАТО под новото име Северна Македонија. Изборот е на граѓаните. Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи.“ - изјави Столтенберг-генерален секретар на НАТО.

Премиерот Зоран Заев кој гостуваше како говорник на конференцијата NATO Engages во рамки на Самитот во Брисел, пред почетокот на својот Фејс Бук профил напиша радувај се Македонијо. Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени. Во текот на гостувањето истакна:

„Со одлуката на земјите членки на НАТО да испорачаат покана заа нашата земја, Република Македонија станува дел од семејството во куќа во која припаѓаме. Жалам што нашиот претседател го губи моментот да биде дел од сето ова, но најверојато по референдумот, кога мнозинството ќе гласаат за земјата да биде членка на НАТО, политичарите ќе мора да ги послушаат.“ - изјави Заев.

Според него препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми, а се во интерес на граѓаните.


Анита Буховски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.