Столтенберг порача нема друг начин за влез во НАТО, решето го името со Грција

19.01.2018 | 11:56
Прочитано: 1679

Столтенберг порача нема друг начин за влез во НАТО, решето го името со Грција
„Алијансата нема план „Б“ за влез на земјата во НАТО, спорот за името со Грција мора да се реши“, ова беше главната порака на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој вчера престојуваше во  официјална посета на Македонија.

Столтенберг меѓу другото ги поздрави напорите, кои се вложуваат за решавање на името во обновените преговори меѓу Македонија и Грција. За време на посетата тој се обрати и во парламентот, каде што истакна дека вратата на алијансата останува отворена за нови членки и порача дека пред седиштето на НАТО се уште има место за нови знамиња. Во рамки на посетата оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов, министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, со претседателот на Собранието Талат Џафери, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицковски и Али Ахмети и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.