Столтенберг официјално му ја врачи поканата на Заев

12.07.2018 | 16:04
Прочитано: 1633

Генералниот секретар на НАТО официјално му ја врачи на Зоран Заев поканата за почеток на преговори со Алијансата, по одлуката на северноатлантските сојузници вчера во Брисел.

- Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат. Откако сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите членки ќе станете 30-та членка на НАТО со еднакво место на маса, еднаков глас во дискусиите и еднакво право на гласање во најуспешниот воен сојуз, рече генералниот секретар по потпишувањето.

Премиерот Заев ја изрази својата благодарност до генералниот секретар, но и до премиерите на соседните Грција и Бугарија, за постигнувањето на договорите за добрососедство.

-Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните,  признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска, рече Заев. 

Бидете уверени, додаде, дека нашето членство ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан

-Како идна 30 земја на Алијансата подготвени сме да дадеме позитивен пример и да придонесуваме за обликување на Западниот Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион, додаде Заев.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.