Столтенберг: Нема НАТО без промена на името

11.07.2018 | 18:05
Прочитано: 2051

Генералниот секреатер на НАТО Јенс Столтенберг јасно стави на знаење дека само со промена името може Македонија да влезе во Алијансата.

-На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да ги добијат. Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи, истакна Столтенберг денеска на прес-конференцијата по првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел.

„Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка“ -  изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по првата сесија на северноатлантскиот совет на Самитот на НАТО.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.