Стејт департмент објави извештај за глобалниот тероризам со осврт на балканските земји

19.09.2018 | 21:38
Прочитано: 661

Бројот на терористички напади во светот во текот на 2017 година е намален за 23 отсто во споредба со претходната година, а бројката на жртви бележи намалување за 27 проценти, се наведува во извештај на американскиот Стејт департмент.

Во документот, објавен денеска, се посочува дека и покрај загубите што ги претрпе џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак, таа и натаму претставува терористичка закана и успеала да се прилагоди на новонастанатите услови.

Што се однесува до Балканот, во Србија во 2017 година, немало терористички закани, но останува заканата од потенцијалното движење на парите и оружјето преку нејзината територија - се наведува во извештајот. Владата на Белград презела чекори за подобрување на борбата против тероризмот со усвојувањето на Националната стратегиј за спречување и одговор на тероризмот за периодот 2017- 2021. Србија соработува и со нејзините соседи за антитерористичките прашања и има гранично партнерство со Босна и Херцеговина, Хрватска. Српските агенции рутински соработуваат со Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора.

Од останатите земји во извештајот се наведени и Косово, Босна и Херцеговина и Македонија.

Македонија соработувала со САД и како и Србија, Босна и Херцеговина и Косово и таа е членка на глобалната коалиција за пораз на исламската држава. Македонските власти процениле дека припадниците и симпатизерите на ИСИС имаат присуство во земјата, а МВР и разунавачката служба проценуваат дека најмалку 150 македонски државјани, патувале за да се приклучати на терористичките групи во Сирија и Ирак.

Од нив 30 се убиени, 40 и таму се во тие зони, а 80 се вратиле назад во земјата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.