Стапува во сила Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија

14.02.2018 | 13:14
Прочитано: 702

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева денеска во Софија ќе потпишат Протокол за размена на ратификациските документи, со што и официјално во сила ќе стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Со тоа практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во македонското Собрание на 15 јануари и на бугарскиот Парламент три дена подоцна.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

Договорот е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.

Димитров од денеска престојува во работна посета на Софија, каде што е предвидено да има билатерални средби со претставници на бугарските власти.

Шефот на македонската дипломатија денеска, освен со Захариева ќе се сретне и со претседателот на Бугарија, Румен Радев и премиерот Бојко Борисов.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.