Српската и руската црква ја „притиснаа” БПЦ да не дојде во Македонија

15.05.2018 | 17:16
Прочитано: 2074

Одлуката на бугарската православна црква да не учествува на одбележувањето на 1.000-годишнината на охридската архиепископија е донесена под притсок на руската и спрската православна црква.

Вака дел од познавачите на црковните прашања ја коментираат вчерашната седница на Светиот синод на БПЦ, на која бугарските владици одлучија да ја одбијат поканата на г.г. Стефан за заеднчико одбележување на годишнината од постоењето на охридската архиепископија.

„Следува период во кој православните цркви ќе се борат околу за нивни интереси. Очекувам од бугарските владици да се преиспитаат какви чекори ќе преземат понатаму во однос на Македонија.“ - изјави Бранко Ѓорѓевски – Аналитичар.

Ваквата одлука наиде на критика и кај дел од бугарската јавност. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на својот Фејсбук профил упати критика за владиците кои гласале против, а ги поздрави владиците кои гласале за заедничко чествување.

„Честитки за оние кои гласаа за. За другите, одбиваат да бидат потомци на бугарската охридска архиепископија, не ја прифаќаат подадената рака и барање да бидат црква-мајка, не направија ништо за нив и повторно ги оставија во рацете на Србите и други.“ - напиша Ковачев.

Според Ѓорѓевски со овој потег на БПЦ се испраќа порака и до македонската православна црква.

„Нам ни е порачано дека не смееме да бараме од БПЦ да ни ја признае автокефачност.“ - вели Ѓорѓевски.

Светиот синод на БПЦ со мнозинство гласови одлучил да не даде благослов претставници  да земат учество во прославата што ќе се одржи на 27 мај во Охрид. Против учеството на прославата биле 8 од владиците, а пет биле „за“.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.