Срѓан Керим на распит во СЈО за стечајот на МПМ

13.09.2018 | 17:20
Прочитано: 2040

Без коментар, експресно, по распитот  Срѓан Керим го напушти Специјалното јавно обвинителство. Поранешниот директор на Медиа Принт Македонија, во чие време згаснаа весниците „Дневник“ „Вест“ „Утрински“  во СЈО се задржа скоро половина час.

На излегување, го игнорираше прашањето дали чувствува одговорност за распадот на компанијата..само  порача дека сега „не било време за изјави“.

Изјава Срѓан Керим
„ Ќе зборуваме за сѐ кога ќе дојде време.”

Пред распитот на Керим, СЈО го посетила и ексдиректорката на компанијата,  Јана Станисављева. Од СЈО потврдија дека и двајцата се осомничени за неколку дела како злоупотреба на службената положба и овластување, лажен стечај и злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра. 

Инаку, истражителите на СЈО влегоа во МПМ минатата година, откако го презеде случајот од основното јавно обвинителство, каде кривични против раководството поднесе Синдикатот на новинари. Новинарите тогаш со месеци протестираа за неисплатени плати и придонеси, но безуспешно. Компанијата замина во стечај со долг поголем од 3 милиони евра, а на сметка на тоа престанаа да се печатат дневниците „Утрински“, „Дневник“, „Вест“ и магазинот „Теа Модерна“.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.