Средби на Мицкоски во Софија со евокомесарот Хан и австрискиот министер Курц

16.05.2018 | 20:28
Прочитано: 922

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во пресрет на самитот на Европската народна партија кој се одржува во Софија остварил средби со австрискиот канцелар Себастијан Курц и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

На средбата се разговараше за перспективите на Македонија, актуелната политичка состојба како и стратешкиот интерес на државата за членство во Европската Унија.

Мицкоски посочил дека Македонија се наоѓа во исклучитело тешка економска ситуација која резултира со намалување на стандардот на граѓаните, надополнета со сериозен политички терор наметнат од власта што сериозно ги подрива нејзините капацитети и загушува слободата.

Очекувањата од Бладата се изневерени, а народот се повеќе незадоволен, истакнал Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остварил разговор и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Се разговарало за стратешката цел на државата за интеграција во Европската Унија и за продлабочување на соработката на тој план, стои во партиското соопштение.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.