Средба Трaмп - Путин во Хелсинки

16.07.2018 | 20:22
Прочитано: 1135

Односите меѓу нашите две земји никогаш не биле на полошо ниво, но сето тоа се промени пред четири часа, порача американскиот претседател Доналд Трамп по завршувањето на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на САД напомена дека двајцата имале директен, отворен и продуктивен дијалог и дека посветиле големо внимание за да се надминат разликите кои постојат меѓу нив. Еден дел од разговорите бил посветен и на можното руско мешање во претседателските избори во САД. Сепак Трамп одби да даде директен одговор што му одговорил Путин.

„Ништо немаше да биде полесно отколку да одбијам оддржување на оваа средба. Да го одбијам дијалогот и разговорите. Но со тоа ништо немаше да постигнеме. Конструктивен разговор помеѓу нашите две земји отвора нови можност и за мир и просперитет.“ - изјави Трамп.

Рускиот претседател пак на Трамп му соопштил дека Москва никогаш не се вмешала ниту пак планира да се вмеша во изборите на некоја земја, и му порача дека токму тој бил негов фаворит за победа на изборите. За време на разговорите, Путин исто така побарал и поголема соработка за решавање на војната во Сирија а го поздрави и напорот на Трамп да се надмине проблемот на корејскиот полуостров.

„Како големи нуклеарни сили, ние носиме голема одговорност за оддржување на меѓународната безбедност. Неколку пати во текот на разговорот повторивме дека е од голема важност да најдеме дијалог преку кој ќе имаме стабилност и ќе го сопреме развојот на оружјата за масовно уништување.“ - изјави Путин.

Состанокот помеѓу двајцата претседатели зад затворени врати траеше речиси два часа a како што наведуваат американските медиуми, Трамп лично барал средбата да се оддржи без присуство на сведоци со цел да се спречи протекување на информации.

Во пресрет на пресконференцијата, се случи и инцидент откако новинар кој имал акредитација за настанот бил отстратен од страна на обезбедувањето. Новинарот најпрво бил замолен да ја напушти просторијата. Тој излегол од салата но потоа се вратил држејќи лист на кој имало порака против нуклеарното оружје.

Во пресрет на самитот, финскиот весник „Хелсинкин Саномат“ резервираше десетици огласни табли од аеродромот до центарот на Хелсинки, за да ги повика двајцата претседатели да ја почитуваат слободата на печатот. Низ град има и протести. Активистите за правото на абортус носат маски со ликот на Трамп, а меѓу демонстрантите има и неколку анти фашистички групи.

 


Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.