Средба Османи - Бушати: Договорот на Македонија и Грција е значаен за целиот регион

13.09.2018 | 17:11
Прочитано: 639

Договорот помеѓу Македонија и Грција  е од големо значење не само за двете земји туку и за безбедноста и стабилноста на целиот регион порача шефот на албанската дипломатија  Дитмир Бушати кој е во еднодневнап посета на Македонија. Бушати како и претходните високи претставници на меѓународната заедница ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на претсотјниот референдум.

„Сакам да се придружам кон сите пријателски гласови на земјата, и на сите граѓани особено на Албанците кои живеат тука, да дадат поддршка на историскиот Преспански договор, зошто овој договор независно што на него се гледа како на договор кој решава отворено прашање меѓу двете земји, сепак тој договор има и големо значење за стабилноста во регионот.“ - изјави Дитмир Бушати – Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Од Албанија, како земја – членка на НАТО, вицепремиерот Бујар Османи рече дека очекува да ѝ помогне на земјава на патот кон нејзиното полноправно членство во северно-атлантската алијанса.

„Се надевам дека ќе биде една од првите земји што ќе го ратификува протоколот по неговото потпишување во албанскиот парламент, но разговаравме и за иницијативата за трилатералната соработка за прогласување на регионот во Преспа како аштитена зона.“ - изјави Бујар Османи – вицепремиер задолжен за европски прашања.

Бушати, покрај средбата со вицепремиерот Бујар Османи, се сретна и со  претседателот на Собранието Талат Џафери каде се разговарало за заедничката подршка на двете земји кои имаат аспирации за членство во големото европско семејство. Бушати исто така оствари средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети како и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од каде изјави дека  Албанија ќе и помогне на Македонија на патот кон ЕУ.

Димитров пак  рече дека ова е шанса не само за Македонија,  туку за Балканот и за цела Европа, и дека  светот видел подготвеност на Македонија да се соочи со проблемите, да ги затвори заедно со соседите, и да тргне напред. На средбата помеѓу Димитров и Бушати се разговараше и за  прашања значајни за билатералните односи меѓу двете земји, како и за перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економијата и трговската размена.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.