Средба Мицкоски - Могерини

13.09.2018 | 20:02
Прочитано: 5505

Клучот на иднината на земјата е во ваши раце, не смеете да седите дома и да молчите. Вие сте одговорни за иднината на земјата, порача Могерини од Старата скопската чаршија, откако во Скопје следа од Стразбург заедно со премиерот Заев.

Со јасна порака и поддрша за предстојниот референдум, Могерини прошета по чаршијата, доби подарок филигрански брош во форма на пеперутка од дуѓанџиите и испи чај заедно со својот домаќин и министрите Османи и Димитров.

„Ние во Еу навистина очекуваме да ве видиме во рамките на ЕУ со истата визија и посветеност да бидете дел од ЕУ којашто сите ваши претставници, вклучувајќи и владините и сите други државни претставници сте ја покажале досега.“ - изјави Могерини.

Македонија има постигнато голем прогрес, огромни резултати, нешто што не било замисливо пред една и пол година, рече Могерини. На овие резултати ЕУ реагирала веднаш со одлуката на Советот земјата да може веќе следниот јуни да ги отвори преговорите за пристапување.

Могерини имаше средба и со претседателот Ѓорге Иванов, Како што соопшти неговиот кабинет, тој и порачал на шефицата на европската дипломатија дека стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси.

„Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат.“ - стои во соопштенито од кабиентот на Иванов.

Во својот четиричасовен престој во Скопје, Могерини се виде и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Пред средбата, прашана што ќе му порача на Мицкоски, рече дека не сака да се меша во внатрешните работи на државата, но дека секој треба да понесе одговорност.

Мицкоски, пак, по разговорот со Могерини не го променил ставот за референдумот. Тој со остри кртики за обраќањето на Заев на трибините за референдумот.

„ВМРО-ДПМНЕ го кажа својот став и не би  го повторувал и нема промени во ставот. Средбата помина во убав и пријателски амбиент, ги разменивме мислењата околи актуелните политички случувања во државата и ги кажавме нашите аргументи и ги слушнавме позициите од страна на Могерини.“ - изјави Мицкоски.

Ова беше прва посета на Могерини на Скопје по потпишувањето на договорот со Грција во јуни годинава.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.