Средба Димитров - Мас

14.06.2018 | 12:23
Прочитано: 1030

Германија ќе „ја турка“ Македонија кон членство во ЕУ и НАТО, во меѓувреме ќе ги убедуваме нашите другари од Холандија и Франција да не стојат на патот на Македонија кон добивање датум за преговори за влез во ЕУ на претстојниот самит на лидери, како и покана за членство во НАТО - изјави Хајко Мас, министер за надворешни работи на Германија, по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Берлин.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров истакна дека до крајот на годината Македонија повеќе нема да има ниту еден билатерален спор со ниту еден сосед.

„Македонија живее историски недели и месеци. На добар пат сме да затвориме еден спор кој што беше како камен и го отежнуваше прогресот и не заклучи во чекалната каде што поминавме доста многу години.“ - изјави Димитров.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.