Споменикот на Ќосето отстранет од пред Врховен суд

22.02.2018 | 14:08
Прочитано: 1625

По налог на градежниот инспекторат на општина Центар доцна во ноќта споменикот на Андон Ќосето  беше  отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. Општинските служби констатирале дека станува збор за дивоградба.

Постаменот пред  судот осамна празен. На местото каде што стоеше споменикот  ќе биде насадено дрво „За човекови права“ под кое ќе биде изгравиран членот 10 од општата повелба за човекови права на Обединетите нации, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, додавајќи дека повеќе нема да бидат толерирани дивоградбите во главниот град.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.