Споменикот „Воинот на коњ“ ќе се применува во Александар Македонски

13.06.2018 | 17:19
Прочитано: 4090

„Воинот на коњ“ и официјално ќе го добие своето вистинско име Александар Македонски. Наместо уривање или преместување, како што пишуваа дел од медиумите, од Владата денеска информираа дека споменикот ќе добие само појаснување дека ја отсликува хеленистичката култура како историско наследство на светот. Истиот ќе биде симбол на пријателство меѓу Македонија и Грција.

„Воинот на коњ ќе го преименуваме во тоа што навистина е Александар Македонски и ќе дадем објаснување за што станува збор како дел од хеленскиот период и дел од историското наследство.“ - изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски

Грчки „Катимерини“ пак пишуваше дека токму тоа е една од точките од договорот и дека на плоштадот во Скопје ќе мора да биде назначено дека дел од спомениците се однесуваат на хеленистичкиот период и се дел од грчката култура, во спротивно ќе требало да бидат пренесени во Солун. 

Грчките медиуми и денеска интензивно пишуваат и за самиот развој на настаните по постигнатиот договор, дел од нив повикувајќи се на грчки владини извори ги обелоденија и сите 16  точки кои ги содржи договорот.

Главните поенти се дека името ќе биде регистрирано во Уставот на ПЈРМ со неопходната ревизија, односно дека над 140 земји кои ја имаат признаено земјата под ФИРОМ сега ќе треба да ја признаат под Република Северна Македонија.

Договорот предвидува државјанството и националноста да бидат македонска/граѓани на Република Северна Македонија и соодветно напишано на англиски јазик. Договорот исто тако го потврдува јазикот како македонски онака како што заверен и во ОН, но и со англиска транскрипција без фуснота. Една од точките во договорот појаснува дека тој е од групата на јужно - словенски јазици и нема никакви допирни точки со античката грчка цивилизација. 

Република Северна Македонија  -  Republic of North Macedonia

Македонска / граѓани на Република Северна Македонија -  Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia.

Јазикот – Македонски – Macedonian language

Од Македонската влада пак и денеска потврдија дека знамето, химната и грбот остануваат како и до сега.

Нов момент според договорот е и тоа што ќе биде формирана и нова работна група на експерти кои од 2019-та ќе имаат рок од 3 години да ги испеглаат разликите околу трговските симболи.

Договорот најпрво ќе се ратификува во македонското Собрание, грчката Влада ќе испрати допис до ЕУ и НАТО дека, „Го поттикнува почетокот на преговори за интеграција на Северна Македонија со ЕУ и интеграција во НАТО, под услов дека ќе се направи уставна ревизија“. 

Во период од јули до декември се очекува да биде одржан и референдумот доколку исходот е позитивен ќе се направи уставната равизија, доколку не постои план Б. Односно распишување на парламентарни избори со референдумски карактер .
Кога сите овие работи ќе бидат завршени во Македонија, дури тогаш договорот ќе дојде на гласање во грчкиот парламент, а истовремено ќе се ратификува и членството во НАТО.


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.