Спектакуларно модно шоу Diamond Sensation на модниот бренд Sara Fashion

14.09.2018 | 14:02
Прочитано: 887

Со спектакуларно модно шоу Diamond Sensation, модниот бренд Sara Fashion за сите свои соработници и потрошувачи, ја презентираа најновата колекција есен-зима 2018/2019, и го одбележаа својот јубилеј, 19 години успешна македонска приказна.

На ревијата присуствуваа познати еминентни личности од естрадата и од бизнис секторот, кои имаа можност вистински да уживаат во ова модно шоу, кое веќе преминува во убава традиција и настан за кој се зборува во текот на целата година.

Најновата колекција и оваа година е дизајнирана од модниот дизајнер Ивана Кнез, додека моделите на гламурозната сцена ги презентираа манекенки од  Македонија и Србија, и сето тоа пренесено во стилот на светските модни ревии, со бенд и музичари во живо.

Првите почетоци на Сара Фешн се во 1999 година, за да денес станат  препознатлив и признат бренд не само во Македонија, туку и на српскиот пазар, со амбиции за проширување во Европски рамки.

Компанијата особено внимание посветува на квалитетот на своите производи, сето тоа постигнувајќи го со контрола и имплементирани стандарди во работењето, а резултатот е бренд кој е препознатлив и прифатлив за сите. Покрај сопствен бренд, компанијата е ексклузивен застапник на повеќе светски брендови и тоа: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.


Сања Савеска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.