Спасовски смета дека полицијата не употребила прекумерна сила на протестите

19.06.2018 | 20:04
Прочитано: 2000

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на Европската комисија во Брисел, за МИА изјави дека не смета дека полицијата употребила прекумерна сила за време на протестите пред Собранието.

Запрашан за критиките од јавноста за реакцијата на полициските сили за време на протестите и потреба да се испита работењето на полицијата таа вечер, министерот смета дека фактот што има десет повредени полицајци „доволно говори дека тие протести не беа мирни“.

- Тоа што се случи пред Собрание пред два дена е што една група која беше дел од демонстрантите предизвика одредени нереди, предизвика напад врз македонските полицајци, нагласи министерот за внатрешни работи.

- Апсолутно немаше никаква прекумерна употреба на сила, затоа што ако немале одредена група која што ќе ги нападне полицајците, ние немаше да интервенираме за да се разбие таа толпа пред Собранието. Ние еднаш видовме што значи да имате упад во Собрание, уривање на уставниот поредок, тоа беше на 27 април и Македонија не може да си дозволи луксуз тоа да се случи уште еднаш, изјави Спасовски.

Спасовски изјави дека МВР ќе поддржи мирни протести во секое време.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.