Спасовски: Интервенцијата на полицијата во неделата по книга

20.06.2018 | 18:05
Прочитано: 2760

Полицијата која употреби солзавец и шок бомби кон демонстрантите во неделата за време на протестот пред Собрането постапи правилно, како по книга, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Употребата на хемиски средства за да се разбие толпата, Спасовски вели дека била тактичка проценка.

„Можам да кажам дека постапиле сосема правилно, постапено е како по книга, полицајците имаат поддршка. Апелирам до граѓаните секој еден кој сака да го изрази својот револт може да “ - изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Одговори од МВР и од внатрешна контрола очекуваат повеќе граѓански активисти и невладините организации. Од Хелсиншкиот комитет кои ја осудија интервенцијата на полицијата велат дека се уште не добиле одговор од МВР.

Од Хелсиншкиот комитет за ТВ 24 велат дека ниеден од граѓаните не поднел претставка за полициска бруталност иако оттаму ги повикаа. Во реакцијата по нередите во неделата од Хелсиншки порачаа дека правото на протест е неприкосновено, но тој мора да биде без насилни провокации. 

„Согласно Законот за полиција, употребата на средства за присилба мора да биде соодветна и пропорционална, а во дадената ситуација се доведува во прашање, особено што помеѓу граѓаните кои протестираа беа присутни повозрасни лица и деца“.

Опозицијата пак прстот го впери во полицијата. Оттаму обвинија дека во толпата демонстранти биле уфрлени провокатори од МВР и дека е сценарио на власта. Спасовски им порача дека насилни сценарија како она на 27 април е начин на кој што дејствува опозицијата.

Со голем број димни, шок бомби и солзавци беше разбиена толпата граѓани за време на протестите во недела. Повредени беа 10 полицајци, 4 граѓани и еден новинар. Во болница беа хоспитализирани 12 лица. МВР приведе 26 лица.


Елена Милошeвска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.