СП 2018: Швајцарија со пресврт ја победи Србија

22.06.2018 | 22:08
Прочитано: 6173

Швајцарија направи голем чекор кон осминафиналето на СП во Русија совладувајќи ја Србија со 2-1. Србите најавија поинакво сценарио, поведувајќи уште во петтата минута, со голот на Митровиќ, на асистенција на Тадиќ, меѓутоа како одминуваше мечот, Србите се повлекуваа, а Швајцарија се повеќе притискаше.

Изедначувачкиот гол беше ремек-дело на Џака во 52. минута, од околу 30 метри, а третиот дојде од контра-напад на Шаќири. Со оваа победа Швајцарија дојде до четири бода, колку што има и Бразил, а Србите останаа на три.

Во последното коло играат Бразил - Србија, во директен дуел втората фаза, а Швајцарците, кои се речиси сигурни во осминафинале, играат со Костарикa.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.