СП 2018: Мексико со голема победа на стартот, го совлада светскиот шампион Германија

17.06.2018 | 21:09
Прочитано: 1079

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва. Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико.

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол.
 
По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе ја поставија својата одбранбена линија на проблеми. Во 89-тата минута, Јулијан Брант ја погоди гредата, а блиску до гол беа Марио Гомез и Јулијан Дракслер. Вториот натпревар од групата помеѓу Јужна Кореја и Шведска се игра утре (18 јуни) од 14 часот.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.