СП 2018: Хрватски е вториот финалист, Гордиот Албион ќе игра за трето место со Белгија

12.07.2018 | 00:14
Прочитано: 1516

Фудбалската селекција на Хрватска е вториот финалист на Светското првенство во Русија, откако во полуфиналето на „Лужники“ во Москва со 2-1 (1-1 во регуларниот дел) по дополнителните 30 минути славеше над репрезентацијата на Англија. За „коцкестите“ ова е прво финале во историјата, досега најголем успех им беше полуфиналето на СП 1998 година, кога беа елиминирани од домаќинот, а подоцна шампионот Франција (2-1).

Голот на Англија во првото полувреме, и охрабри Англичаните и така го играа и целото први полувреме. До крајот имаше зрели шанси кај двата тима. Најпрво Хари Кејн промаши зицер за 2-0, додека неколку минути подоцна Ребиќ од далечина биеше во добро поставениотголман.

Вториот дел започна со офанзивна игра на двете селекции. Хрватска го зголеми нападот, вршеше притисок, имаше неколку шанси, но не попушти.

Сепак, добрата игра на „коцкестите“ резултираше со гол по аситенцијата Перишиќ за 1-1.

Во првите 15 минути и двете репрезентации имаа по една голема шанса. Најпрво Стоунс одлично биеше, а Симе Врсаљко исфрли со глава од самата гол-линија, за да на спротиввната страна се закани Манџукиќ, но Пикфорд одлично одбрани. Стартот на второто продолжение беше совршен за „коцкестите“, Марио Манџукиќ го матира Пикфорд и донесе предност од 2-1, а до крајот Англичаните не успеаја да се вратат, па Хрватска го слави своето прво финале.

Во големото финале, кое исто така ќе се игра на „Лужники“ в недела со почеток од 17:00 часот Хрватска за противник ќе ја има Франција. Еден ден претходно Белгија и Англија во Санкт Петербург ќе водат битка за третото место.

Хрватска, која беше трета пред 20 години, в недела ќе се бори за светската титула против Франција, селекцијата која тогаш ја запре на патот кон финалето.



The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.