СП 2018: Франција е првиот финалист

10.07.2018 | 22:00
Прочитано: 397
Франција беше еден од главните фаворити на Мундијалот во Русија и е првиот финалист, откако вечерва ја совлада Белгија.
 
Првото полувреме донесе неколку добри шанси за двата тима. Белгија преку Азар по 15 минути игра, биеше од странична позиција, ни непрецизно. Алдервирелд тргна кон голот, но Лорис го одбрани неговиот удар. 
 
Франција единствената можност ја имаше во финишот од првиот дел кога Павар шутираше од близина, но Куртоа одбрани. Во второто полувреме по корнер на Гризман, Умтити погоди со глава за водство на Франција од 1-0.
 
Веднаш по голот Франција, Белгија ја засили одбраната иодеше на изедначување.
Не успеа да создаде многу шанси, најблиску беше Фалаини кој во 65. минута биеше со глава крај голот. Опасен удар имаше и Витсел но право во голманот Лорис.
 
На крајот Франција заслужено се радуваше на победата и пласманот во финалето каде што ќе го чека подобриот од утрешната битка меѓу Англија и Хрватска. Белгија ќе се бори за третото место со поразениот од тој дуел.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.