СП 2018: Дебакл на Аргентина, 0-3 против Хрватска

21.06.2018 | 22:32
Прочитано: 2009

„Гаучосите“ претрпеа дебакл на светското првенство.

Агонијата на Аргентина на Светското фудбалско првенство во Русија продолжи со убедлив пораз од Хрватска, со 3-0, со кој Лионел Меси и дружината дојдоа на работ од елиминација од понатамошно натпреварување.

Откако мрежите останаа празни во првиот дел, во вториот Хрватска почна да погодува. За првиот гол ѝ помогна аргентинскиот голман Кабалјеро, кој направи катастрофална грешка, овозможувајќи му на Ребиќ да погоди речиси празен гол. Модриќ постигна прекрасен погодок за 2-0 во 80. минута, а Ракитиќ ги докрајчи Јужноамериканците.

Хрватите со шест бода се сигурни во осминафинале, засега први во оваа група, а Аргентина и Исланд имаат по еден. Сепак, Исланѓаните утре треба да играат со Нигерија и ако ја победат ќе дојдат на дофат до второто место, туркајќи ја Аргентина во пропаст.

Претходно денеска и Франција го загарантира осминафиналето, совладувајќи го Перу со 1-0. Данска и Австралија, пак, играа 1-1, по што Данците се втори во групата Ц, со четири бода, а Австралијците трети, со еден и се уште со математика за осминафинале.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.