Советот за етика во медиумите реагира за употребата на говор на омраза

06.03.2015 | 17:31
Прочитано: 2255
Советот за етика во медиумите најостро го осудуваат говорот на омраза на Миленко Неделковски за кој и мисијата на ОБСЕ во земјава реагираше со став дека во иднина ќе одбива да соработува со медиуми кои ќе бидат платформа за искажување на такви пораки. 
 
Претседателот на Комисијата за жалби на Советот Мирче Адамчевски вели дека во најскоро време ќе излезат со конкретен став.
 
Со реакција се јавија и од Македонската асоцијација на новинари од каде од една страна оценува дека изјавата на Миленко Неделковски е спорна, но од друга страна истакнува дека најавата на ОБСЕ според нив била дискриминаторска. 
 
„Дали е тоа говор на омраза може да цени и оцени само надлежен суд. Го повикуваме ОБСЕ, како институција во рамките на европски стандарди и принципи, да ја повлече својата најава за селекција на медиуми во Македонија направена според нивни вкус, затоа што таквиот однос е притисок и дискриминација врз медиумите и новинарите во нив“.
 
Досега ова е прв пат на ваков директен начин да реагира ОБСЕ, што според Адамчевски е лоша порака за вкупната состојба со медиумите во земјава.
 
Но и покрај ова, Миленко Неделковски и натаму продолжи со говорот на омраза и упати навредливи зборови за мисијата на ОБСЕ во земјава.

Светлана Унковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.