Советот за безбедност на ОН не донесе одлука за масакрот во Газа

16.05.2018 | 10:41
Прочитано: 583

Советот за безбедност на ОН не успеа да усогласи заедничка одлука, на итната седница по повод ситуацијата во појасот Газа, откако израелските трупи убија повеќе од 50, а ранија речиси 3000 луѓе во масовните протести против преселувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

Седницата помина во меѓусебни обвинувања на израелскиот и палестинскиот амбасадор, Ријад Мансур кој го праша Советот за безбедност колку палестинци треба да умрат за он да реагираат и кога ќе реагираат.

Израелскиот амбасадор дани данон изјави дека неговата земја ги брани границите и го обвини Хамас дека се обидел да изврши напад под маската на протестот. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени дека убиството на 50 луѓе покажува итна потреба да се најде политичко решение за конфликтот.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.