Сончево, температура до 32 степени, попладне нестабилно

27.05.2018 | 10:41
Прочитано: 1445

Времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува главно во планинските региони на север и на запад, каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, некаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста, која во планините ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе биде 14, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде главно северен.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.