Сончево со мала доумерена облачност на истокот

11.10.2018 | 09:26
Прочитано: 495

Времето во Македонија ќе биде сончево, попладне во источните делови ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува со слаб североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб североисточен ветер. Температура ќе се движи од шест до 24 степени.

Од петок на повеќе места во земјава ќе има умерено наоблачување. И во наредните денови утрата ќе бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.