Социјална сторија - „Пијам и по половина апче за да имам и за следниот ден“

22.03.2018 | 22:43
Прочитано: 10108

Вака 60 годишниот Мамут Рамадани се обидува да ја заборави суровата реалност, но песната од кавалот не може да го засити празниот стомак, ниту пак да ја стопли и осветли  распадната  куќарка. Мамут е парализиран, шест години. Едиствениот кревет што го знае му е студениот под.

Во не многу подобра здравствена состојба е и неговата жена Џила која има сериозни проблеми со срцето и бубрезите. Доколку некој им даде леб и вода за овие луѓе тоа е гозба, штедат и на лекови.

„Пијам и по половина апче за да имам и за следниот ден. Јадеме што ќе најдеме, немаме пари“, вели Џила Ковачиќ- социјален случај 

Од неодамна немаат ниту струја. Навечер има мала светлина која доаѓа од соседите. Мораат да штедат дури и на свеќа, а и таа е импровизирана.

„Нема кој чаша вода да му даде на овој човек, цел ден седи во собата. Сам се грижи за себе, а јас не можем од проблемите со срцето“, вели  Џила Ковачиќ - социјален случај

Семејството на Мамут едвај врзуваат крај со крај. Деца немаат , а оставени се на милоста на соседите, кои како што велат да не се сигурно ќе умрат за јадење.

„Ова е катастрофа. Се што е најлошо е тука. Ние сме соседи, помагаме со храна и со се што можеме но не е решени“, вели соседка на ови луѓе

ТВ 24 стапи во контакт со министерството за труд и социјална политика. Од таму велат дека лицата не се корисници на социјална помош бидејќи  прво треба да се обратат до Центарот за социјална заштита. По што стручно лице ќе го проследи случајот и ќе добијат соодветна социјална заштита. Од општината Гази Баба,каде живее ова семејство,пак, се уште не одговорија.


Елена Милошовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.