Соборен руски авион

18.09.2018 | 17:48
Прочитано: 2152

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека сириската противвоздушна одбрана го урнала рускиот воен авион Иљушин 20 над Сирија, но за смртта на 15те лица во авионот го обвини Израел. Од министерството велат дека авионот бил соборен со ракета од сириски комплекс С-200 откако израелски авиони намерно создале опасна ситуација во подрачјето на Латакија, криејќи се зад рускиот авион.

„Израел не ги предупреди руските трупи во Сирија за планираната операција. Бевме известени помалку од една минута пред нападот што не му даде можност на рускиот авион да се засолни. Како резултат на неодговорните постапки на израелската војска, 15 руски војници го загубија животот.“ - изјави Портпарол на министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

По соборувањето на авионот, министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу во телефонски разговор со израелскиот колега Авигдор Либерман му кажал дека Москва го смета Израел за одговорен за загинувањето на руските пилоти, додавајќи дека сега Русија има право да преземе дополнителни чекори како одговор на инцидентот.

Од друга страна, Израел ја обвинува сириската влада за соборувањето на авионот. Израелските одбрамбени сили на својот твитер профил напишаа дека нивните летала биле во воздушниот простор на Израел кога ракетите биле лансирани, а покрај Сирија ги обвинија и Иран и терористичката организација Хезбола.

Претходно беше соопштено дека авионот со 15 војници исчезнал од радарите во Сирија додека четири израелски авиони Ф-16 спроведувале напади во сириската провинција Латакија.


Тиана Станковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.