Со концертот „Ш Ш Ш..“ почнува концертната сезона на Македонската филхармонија

24.09.2012 | 10:46
Прочитано: 1807
Македонската филхармонија во четврток со концертот симболично насловен „Ш Ш Ш...“ ќе ја започне концертната сезона 2012/2013.
 
Диригент ќе биде познатиот полски диригент Јануш Пшибилски, а како солист ќе настапи швајцарскиот пијанист Франческо Пјемонтези.  
 
На концертот насловен како „Ш Ш Ш...“ поради иницијалите на композиторите Шуман, Шуберт и Шенберг, чии дела се на програмата, ќе бидат изведени Концертот за пијано и оркестар од Роберт Шуман, ретко изведуваната Симфонија број 3 од Франц Шуберт и за првпат во Македонија ќе прозвучи Рондо Цингарезе на Клавирскиот квартет на Јоханес Брамс во оркестрација на Арнолд Шенберг.
 
Од Македонска филхармонија информираат дека концертната сезона изобилува  со атрактивни солисти и диригенти, а задржан е и форматот на циклусите „Виртуози“, „Лауреати“ и „Кирилица“. 
 
Под мотото Купи билет за Македонска филхармонија, промотивната продажба на претплатничките циклуси Фортисимо, Форте, Мецо и Пијанисимо ќе трае до четврток. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.