Со концерт на Рита Ора, Косово ќе ја прослави годишнината од независноста

17.02.2018 | 14:10
Прочитано: 1904

Косово денеска ја одбележува десетата годишнина од независноста, а граѓаните ќе прослават со повеќе манифестации и собири.

Прославата започна со спортски активности за деца, а продолжува со културно-уметничка програма.

Во националната библиотека предвидено е отворање на изложбата „Косово од историја до државност“, по што ќе биде прикажан филмот „Татко“.

Концерт на светски познатата пејачка со потекло од Косово Рита Ора е најавен за вечерва, а на нејзино барање, влезот ќе биде бесплатен.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.