Со концерт на „Крафтверк“ почнува 20. „Таксират“

27.02.2018 | 10:17
Прочитано: 914

Со концертот на „Крафтверк“ - германските пионери на електронската музика, вечер во Вип Арена „Борис Трајковски“ ќе почне 20-тиот фестивал „Таксират“.

„Крафтверк“ гостуваат во Скопје повторно по 13 години. Овојпат ексклузивноста на нивното гостување е и во спектакуларното 3-Д визуелно шоу кое е дел од нивните концерти на актуелната турнеја.

- Доаѓаат во Скопје со огромен тим кој ќе се погрижи овој концерт да биде доведен до перфекција и кој работи на комплетната техничка и продукциска реализација на секој од концертите во нивната турнеја, соопштија организаторите.

„Крафтверк“ е една од највлијателните и најзначајни електронски групи во светот, предводник на експерименталната сцена. Во речиси 50 години постоење објавиле десет успешни студиски изданија, како и неколку компилациски и два лајв албуми, од кои последниот „3-D The Catalogue“ го објавија во мај минатата година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.