Со еден потег принцезата Шарлот го освои светот

24.04.2018 | 17:41
Прочитано: 2801

Принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, на 2 на мај ќе наполни три години, а Англичаните коментираат дека таа веќе ги има сите предиспозиции за една кралица, особено по нејзиниот гест, кој речиси го засени раѓањето на нејзиното братче.

Принцот Вилијам ги донесе принцот Џорџ и принцезата Шарлот да го видат своето штотуку родено братче, и додека нејзиниот брат беше крајно сериозен за своите години, не давајќи им премногу значење на насобраните медиуми пред болницата Сент Мари во Падингтон, малата принцеза Шарлот ги восхити сите присутни. Облечена во сино фустанче, откако слезе од автомобилот и со блага насмевка поздравуваше пред камерите и фотоапаратите.

Највпечатлив беше моментот кога на влезот во болницата таа уште еднаш се заврте и ги поздрави сите присутни. Повеќето корисници на социјалните мрежи коментираат дека принцезата Шарлот е неверојатнио шармантна за своите неполни три години, а многумина во неа гледаат наследничка на принцезата Дајана.


Анита Буховски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.