Со „Аида“ завршуваат 46. Мајски оперски вечери

31.05.2018 | 11:17
Прочитано: 1384

Со операта „Аида“ на Џузепе Верди вечерва се затвораат годинешниве Мајски оперски вечери. Во насловната улога на операта, со која традиционално се затвора фестивалот, ќе настапи сопранистката Ана Лукреција Гарсија од Венецуела. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Снежана Филиповска, а диригент Бисера Чадловска.

Мајските оперски вечери годинава беа во знакот на 160 години од раѓањето на италијанскиот композитор Џакомо Пучини и се одржаа под мотото „Го славиме Пучини“.
Фестивалот почна на 9 мај со неговата опера „Боеми“, а беа изведени и „Тоска“ и „Турандот“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.