Снегот го отежнува сообраќајот на патиштата во Македонија

22.03.2018 | 09:48
Прочитано: 942

Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија. Од АМСМ и Македонија пат информираат дека е воведена забрана за движење на камиони на регионалниот пат Дебар-Маврово како и преку планинскиот превој Стража.

Забрана за движење на тешки товарни и патнички возила без зимска опрема има на патот до Попова Шапка. Сообраќајот на другите државни патишта се одвива отежнато по влажни коловози. Снегот засега не предизвикува застои во авионскиот и железничкиот сообраќај.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.