Снегот ги завеа автопатите – на патарините забрането снимање?
10.01.2017 | 19:56
Прочитано: 23130
По новото снежно невреме, намалена е фреквенцијата на сообраќајот, а само едно возило на Македонија пат го чистеше патот.

На патарината на автопатот од Скопје кон Велес на нашата екипа не и беше дозволено да снима од страна на обезбедувањето. Во обид да добиеме образложение за причините поради кои не е дозволено снимање од обезбедувањето ни беше кажано дека имаат таква наредба.
На патарина од Скопје кон Куманово наидовме на повеќе разбирање од страна на вработените. Граѓаните кои што ги прашавме за моменталната ситуација на патиштата револтирано изјавуваа дека се загрижени поради нивната безбедност. Велат дека се принудени со часови да возат до нивната одредена дестинација, и дека никој не презема никаква одговорност за чистење на патиштата за кои како што велат на одредени патни правци сообраќајот е надвор од контрола, особено на патниот правец кон Куманово.
Во обиколката од Скопје кон Куманово не забележавме чисти патишта, а дел од возачите беа принудени и со часови да останат паркирани со своите возила.
Сунаи Сабриоски
Post new comment