Снег на патиштата кај Крива Паланка, Плетвар и Делчево

14.01.2018 | 10:48
Прочитано: 4624

Сообраќајот на државните патишта се одвива  по наместа влажни коловози. Снег со слаб интeнзитет кој не се задржува на коловозот провејува на патните правци Крива Паланка, Плетвар и Делчево, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.