Снег кај Стража, Маврово и Крушево, сообраќајот без проблеми

27.03.2014 | 18:34
Прочитано: 734

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по местимично влажни коловози.

Снег паѓа на планинскиот превој Стража, Маврово и Крушево кој засега не претставува проблем во одвивањето на сообраќајот, додека на Плетвар и Пресека паѓа снег и дожд, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Предупредува дека во клисурите и усеците се можни помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово – Дебар - Струга, Гостивар - Стража, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.