Снег и минусни температури во Хрватска, под снег и Македонија

25.02.2018 | 17:53
Прочитано: 2187

Хрвтска и понатаму во снег – веќе една недела земјата е под бела покривка, меѓутоа снегот и студот стануваат закана за човечкиот живот, Метеоролошкиот завод издаде предупредување дека в среда се очекува студен бран во неколку градови кој би можел да биде опасен за здравјето на луѓето.

„Стравуваме поради големите количини на снег што наврнаа, се плашиме дека поради снегот би можеле да имаме некакви оштетувања на домовите. “

„Па сега тоа е што е. Засега добро се справуваме со снегот, нема некој сериозни застои. “

Алармот кој е вклучен од страна ана хрватскиот метеоролошки завод за четирите хрватски градови како Загреб, Карловац, Госпиќ и Сплит според граѓаните досега вакво предупредвање досега не било издадено, велат ваква зима со темеператури и до – 20 степен немало. Жителите на Загреб во среда според најавите се очекува да се разбудат на температура од -17 степени, додека во Вараждин, Карловац и Плитвице температурите ќе паднат до – 18. На одредени места лошите временски услови го отежнуваат сообраќајот и понатаму.

Студениот снежен бран утрово пристигна и во Македонија, падна првиот снег во Скопје, а како што најавуваат синоптичаарите студеното време ќе се задржи во следниве неколку дена.

„Во следните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови заладување и повремени врнежи од снег. Утре во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Од овие врнежи насекаде ќе се формира снежна покривка. Локални врнежи од снег ќе има и во вторник претежно во западните делови а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда.“ - велат од УХМР.

Од УХМР додаваат декаа во Македонија од денеска па се до четврток, температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.