Случај „Труст“: СЈО бара конфискација и од Рик Силекс

12.07.2018 | 17:21
Прочитано: 1898

Специјалното јавно обвинителство денеска го повлече кривичниот прогон за фирмата „Вато“, а нејзиниот сопственик сега е обвинет за помагање во милионската измама со тендерот на државната компанија „ЕЛЕМ“.

Денеска, во завршен збор, Специјалното јавно обвинителство побара од од судот, со изрекување на пресудата, да дозволи проширување на листата на физички и правни лица од кои ќе може да се подмири направената штета, односно од каде се ќе може да се врши конфискација.

Имено, СЈО побара од судот да дозволи непречена конфискација не само од имотот на обвинетиот Сеад Кочан, туку и од неговите браќа, како и од РИК „Силекс“ која, пак, е фирма мајка на фирмата “Силекс Неметали“ која заедно со „Трансмет“ и „Вато“ го сочинувале конзорциумот кој учствувал и го добил тендерот вреден 1,6 милијарди денари.   

Јавниот обвинител Артан Ајро рече дека има прецизирање на обвинителниот акт и дека исправките се напишани на осум страници, но дека стојата обвинувањата за злоупотреба на на постапка за јавен повик и на доделувањето на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, односно дека конзорциумот успеал да наплати 1,6 милијарди денари.    

Измените во обвинителниот акт и тоа во делот кој се однесува на обвинетиот Сафет Ватиќ и на неговата фирма „Вато“, коментар од неговиот бранител:

Судењето наместо утре продолжува в понеделник со давање на завршен збор на одбраната и на обвинетите во случајот „Труст“.


Љубиша Станковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.