"Скопје Танцовиот Театар" вечерва за прв пат настапува на престижниот "Холанд Денс Фестивал"

09.02.2018 | 20:06
Прочитано: 2125

Кога нам - Македонците некој ќе ни го спомне градот Хаг во Холандија, веднаш на памет ни доаѓа Хашкиот Трибунал, но и со затворот во Шевенинген - село близу Хаг. Но, театарот Саудерштранд (Zuiderstrandtheater), кој е една од локациите од местата каде што се создаваат нови гледишта, неповрзани со меѓународниот суд, но сепак се многу важни за македонските култура и уметност.

Од 25-ти јануари, па се до 11-ти февруари годинава, се одржува еден од најпрестижните танцови фестивали „Холанд Денс Фестивал" ("Holland Dance Festival"), на кој биенално се претставуваат најдобрите танцови компании од светот. Македонија за прв пат има своја танцова делегации како учесник, а тоа е „Скопје Танцовиот Театар", предводена од уметничката директорка - Рисима Рисимкин. Синоќа присуствувавме на најзначајното гостување на ова издание на фестивалот, а тоа беше Танцовата Компанија на светски реномираната Марта Греам, од Њујорк, САД.

Нејзиниот бруталистички пристап, се до нејзината смрт во 1991-тата година, се одразува и негува преку кореографиите кои имаат изменето погледот кон современиот танц во светот. Дек реизведби на нејзините кореографии проследивме преку претставата вчера, од кои највпечатлива беше т.н. „Хроника", која била оригинално изведена во 1936-та година, продуцирана како негативен одговор на поканара од тогашната фашистичка влада на Германија за учество на Олимписките Игри во Берлин истата година. Со оглед на поразителните услови за работа во нашите културни објекти, само да споделам дека театарот Саудерштранд е градба од привремен карактер, додека да се реновира главната матична зграда во градот Хаг. Невозоможно е човекот да мисли дека овој објект е изграден само за ограничен период, ако некој не предочи претходно, зашто е целосно функционално изграден, според светските стандарди и потребите за манифестациска сала.

Вечерва и утревечер, со почеток во 20:30 часот, „Скопје Танцовиот Театар" како единствен од Македонија и од целиот регион, ќе се претстави во хашкиот култен простор „Корзо", со претставата „Кожа", која е составена од три кратки кореографии: „Котел" на Рисима Рисимкин, „Погрешно" на Адријана Данчевска и „Истиот извор" на Матеа Киселичка. Пред утрешната претстава, од 13 до 15 часот, Рисима Рисимкин која е најавена како „македонската Пина Бауш" ќе одржи и работилница за учесниците на фестивалот.





 

 

 


Од Шевенинген - Огнен Јанески
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.