Скопје и во наредниот период ќе биде загаден град

09.12.2013 | 17:46
Прочитано: 2336

Скопје и во наредниот период ќе биде загаден град. Од Владата велат дека проблемот со аерозагаденоста не може да се реши преку ноќ.

Најголемиот проблем со загадениот воздух не е во големите индустриските капацитети, туку во неконтролираниот сообраќај, неразумната урбанизација која го задржува воздухот, домаќинствата и помалите фабрики поради што загаденоста на Скопје за неколку пати ги надминува дозволените вредности.

Решавањето на проблемот е во намалување на сообраќајот зимно време користење на квалитетни горива во домаќинствата и во гасификацијата.

Од министерството за животна средина велат дека на терен состојбата со загадувањето ја мерат инспекторски служби.

Надминувања на ограничувањата кај големите индустриски капацитети нема. Оттаму апелираат граѓаните да не се возат сами во автомобили и пред зимскиот период редовно да ги чистат оџаците.

Откога за алармантната загаденост како што велат не реагираа ниту градот Скопје ниту министерството за животна средина група граѓани изготвија онлине петиција до премиерот Никола Груевски каде со својот глас бараат подршка на решавањето на проблемот.

Од Владата велат дека преземаат мерки, како што се воведувањето на зелен бран на булеварите, нивно проширување, набавка на автобуси со еколошки горива.


Христина Наумоска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.