Скопје и Атина си разменија нацрт предлози за решение на спорот со Грција

20.03.2018 | 17:25
Прочитано: 1433

Два нацрт спогодби за името. Едната од Скопје отпатува за Атина, другата пред неколку дена стигнала во земјата. Детали што содржат нема, но разлики во позициите има. Спогодбите според македонската Влада треба да бидат алатка која треба да помогне во процесот на преговорите во следната фаза која треба да се одржи во Виена на ниво на шефови на дипломатиите на 30 март со медијаторот Метју Нимиц.

Од Владата  не прецизираа зошто македонскатa сподба се чувала во тајност. Шефот на македонската дипломатија взодржан и околу деталите во спогодбите, но порача има разлики.

„Можеби е чесно да кажам дека има разлики и на некој начин разликата во фазите е усмен и писмен дијалог, но постојат разлики и се надеваме дека ако мислитезаеднички на една цел ќе успееме тие разлики да ги надминеме.“ - вели Димитров.

Без детали за спогодбите и премиерот. Заев тврди дека се уште не се разговарало за конкретна  герографска одредница,но не одговори прецизно дали Грција гио фаворизираал терминиот „Горна Македонија“, вели отворени на маса се и акронимите, кодот, придавките.

-Во нашата нацрт-спогодба има повеќе меѓународни формулации на вакви меѓународни договори затоа што формулациите во делот на името, употребата, широчината, идентитетските прашања, кодовите и слично, се уште се на маса за преговори. Така што тие се ставени во разни форми, како што се ставени и од грчка страна. Повеќе станува збор за технички аспекти на формулацијата на договорот.

Воздржан и Никос Коѕијас, тој само кусо потврди дека на неговото пристигнување во Скопје во четврток и претходел документот од грчката влада. Пристигнувањето на грчкиот нацрт план во Скопје.

„Направивме текст со сите наши предлози во целост, како во однос на отворените проблеми што ги имаме со ПЈРМ, така и за идната агенда на соработка што ќе им донесе корист и на двете страни. Овој текст го имам пратено пред повеќе денови во Скопје.“ - изјави Коѕијас.

Според грчките медиуми, нацрт предлогот е со седум точки кои се однесуваат на името, опсегот на употреба, јазикот, идентитетот, трговските употреби, кратенките и акронимите. Деновиве медиумите во Грција пренесуваа дека во однос на името од петте предлози на Нимиц најприфатливо за Атина било Горна Македонија, но на кирилично писмо, без превод.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.