Скопјани се жалат - ова лето комарците ни ја исцицаа крвта

09.08.2018 | 17:55
Прочитано: 1486

Првото прскање против комарци треба да се спроведе најдоцна во март – велат епидемиолозите. Порачуваат дека  прскањето треба да почне на почетокот на пролетта пред ларвите да станат комарци.  Предупредуваат дека овие инсекти можат да бидат преносители на сериозни инфекции  и заразни болести.

„Болести кои се главно во тропските предели кои досега не сме ги имале, меѓутоа не е чудно да ги имаме“, вели Д-р Гордана Кузмановска – епидемиолог во ИЈЗ

Авионите не бучат како претходните затоа граѓаните мислат дека не се прска против комарци – ова го изјави портпаролот на Град Скопје Валон Салиху. Првото прскање годинава градот го спроведе во јули. Според градските власти тендерската постапка била почната навреме, а  задоцнетото прскање било поради тоа што испитувале дали средството со кое се прска е штетно за здравјето на граѓаните.

Градските власти тврдат дека прскањето се одвива според предвидената динамика. До сега имаат завршено само две фази од вкупно пет. Третата фаза е најавена за викендов, додека четвртото и петто прскање ќе се спроведат кон крајот на август и во септември.

Граѓаните пак се жалат, секое утро се будат со убоди. Велат не паметат кога последен пат имало ваква инвазија на комарци во главниот град. 

„Велат дека се прскало, но се прска кога се ларви“,
„Потребно е неколку пати да се прска, ова не е доволно“,
„Сега мислам е доцна, треба кога се развиваат комарците“,  велат дел од анкетираните граѓани

За заштита од комарците епидемиолозите препорачуваат да не се излегува надвор во периодот кога комарците се најактивни, да се носи заштитна облека, да се користат средства за заштита од комарци и да се спречи влегување на комарците во домовите.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.