Скелет на диносаурус продаден на аукција во Париз за над два милиона евра

05.06.2018 | 12:21
Прочитано: 1656

Скелет на теропод, се уште недоволно проучен месојаден диносаурус, стар 150 милиони години, беше продаден за повеќе од два милиона евра на аукција одржана од аукциската куиќа Аѓут на Ајфеловата кула во Париз.

Скелетот е долг девет метри, висок 2,6 метри и е 70 отсто сочуван. Беше откриен во американската сојузна држава Вајоминг во 2013 година. Тогаш неговата цена беше проценета на 1,2 до 1,8 милиони евра. Скелетот е продаден за 1,58 милиони евра, а заедно со таксите за наддавањето се дојде до крајната цена од 2,02 милиони евра.

Купувачот е Французин, инаку колекционер на современа уметност. Тој првпат купува останки од диносаурус, и има намера истите да ги изложи во француски музеј.

Во април, исто така во париз, беа продадени два скелета на диносауруси - за над 1,4 милиони евра секој.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.