Скапароти: Со нетрпение очекувам да станете 30. членка на НАТО

09.08.2018 | 17:11
Прочитано: 1046

 

Членството во алијансата ќе биде во ваша полза – напредокот на земјите членки е доказ за тоа и со нетрпение очекувам да станете 30та членка на НАТО. Командантот на врховната команда на НАТО смета дека Македонија има клучна улога во промовирањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, а воедно рече дека државата е чекор понапред со воените реформи.

„Преку вашето долгогодишно партнерство со НАТО вашата земја постигна значителен напредок во одбранбените реформи“, вели  Куртис Скапароти – Командант на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа

Со членството во НАТО на државата ќе и бидат загарантирани стабилноста и безбедноста, а Македонија ќе ја искористи оваа шанса – рече министерката за одбрана Шеќеринска на денешната посета на врховниот командант на НАТО силите во Европа, Куртис Скапароти. Според неа, еден од клучните чекори за влез во алијансата ќе биде референдумот во септември.

„Оваа засилена динамика ја манифестира цврстата решеност Македонија во еден брз и интензивен процес да стане 30-та членка на НАТО. Она што е мнопгу важно во овој момент е оваа две ипол децениска определба на граѓаните за членство во НАТО да ја потврдиме и обезбедиме“, вели Радмила Шеќеринска – министер за одбрана

Специјалната единица волци во касарна Илинден пред гостите демонстрираа показна вежба со која покажаа подготвеност за дејствување при заседа од мала терористичка група.

Командант Скапароти по вежбата на специјалците ги пофали за нивната подготвеност и дисциплина. Рече дека при изведувањето користат НАТО стандарди и процедури.

По средбата со делегацијата од минстерството за одбрана и АРМ, врховниот командант Скапароти беше пречекан и од премиерот Зоран Заев.

 

 


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.