СЈО ќе одржи прес-конференција точно на пладне

21.03.2018 | 12:15
Прочитано: 1973

Специјалното јавно обвинителство денеска точно на пладне  во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ќе се одржи прес-конференција.

„Денес, со почеток во 12 часот, во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ќе се одржи прес – конференција“, пишува во најавата на СЈО.

Пред една недела, СЈО го објави последниот извештај за сработеното.  Според него, СЈО продолжило со преслушување, обработка и анализа на вкупно 606.555 аудиоснимки со кои располага ова јавно обвинителство, при што обработени се 85% од вкупниот број аудиоснимки, што е 15% повеќе во споредба со претходниот извештај.

Меѓу отчетноста за сработеното Специјалната обвинителка Катица Јанева , во повеќе од три наврати ја искористува шансата за да ги потсети институциите да го решат правниот статус на СЈО и да им ги одврзат рацете за да може да поднесуваат обвиненија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.